Ф1 тимот Форс Индија и официјално отиде под административно управување. Ова се случи откако нивниот пилот Серхио Перез поднесе тужба кон тимот со седиште во Силверстоун за долг од 3 милиони фунти.

Од Дајмлер / Мерцедес исто така се приклучија кон делото, велејќи дека им должат 10,5 милиони фунти. Главниот спонзор на тимот „BWT“ пак претстави документи кои докажуваат дека спонзорството меѓу нив и Форс Индија е во форма на заем и од Форс Индија доцнат со придонесите за него. Австриската компанија за минерална вода не прецизираше колку тимот должи.

- Преминувањето на тимот под стечај на никаков начин нема да влијае на неговото учество во Гран При на Унгарија, вели Отмар Шафнауер од тимот за време на прес-конференција на „Хунгароринг“.

Целта на административното управување е да се најдат нови сопственици / инвеститори без да влијаат врз работата на самиот тим.

Во последните недели како најсериозен кандидат да го купи тимот се појави таткото на пилотот на Вилијамс Ленс Строл - Лоренс. Ако Канаѓанецот го купи тимот, тогаш речиси сигурно неговиот син ќе го следи.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/07/2018 23:22