Патничко моторно возило марка „пежо“ со струшки регистарски таблици се запалило денеска на патот Охрид – Ресен, кај селото Кружје.

Ресенската противпожарна единица за МИА информира дека нема повредени лица, а возилото е целосно уништено.

- Несреќата се случила околу 12 часот. Интервениравме со две возила и тројца пожарникари. Возилото беше целосно опожарено, а луѓето беа настрана, изјави дежурниот пожарникар.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/07/2018 00:52