Според финскиот пилот на Ферари Кими Раиконен, сообраќајот на крајот на денешните квалификации го лишил од сигурна пол-позиција за утрешното Гран При на Унгарија.
Кими остана трет, а на самиот крај пилотите на Мерцедес Луис Хамилтон и Валтери Ботас сепак успеаја да го подобрат неговото време излегувајќи подоцна на малку посува патека.
Инаку Раиконен се претстави многу силно на мократа патека „Хунгароринг“ и беше побрз од клубскиот колега Себастијан Фетел, кој остана четврти.
- Вистината е дека денес немав среќа. Во принцип никогаш не барам оправдување, но тоа е вистината и ако не беше густиот сообраќај за време на мојата последна квалификациска обиколка, јас со леснотија ќе ја освоев пол-позицијата, убеден е Раиконен.