Матео Беретини ја освои првата АТП титула во кариерата, победувајќи го 17-тиот светски тенисер во светот во финалето на турнирот во Гштад, Швајцарија.

Италијанецот беше подобар од Роберто Баутиста Агут (Шпанија), по два сета, 7-6, 6-4.

Беретини, 84. играч во светот, победи за еден час и 45 минути. Во првиот сет, немаше брејк, па сетот беше решен по тајбрејк и му припадна на Италијанецот по 11:9.

Беретини во последниот 10-ти гем од вториот сет направи брејк и ја освои првата АТП титула.

Пред турнирот во Гштад, Беретини успеваше да стигне само до четвртфиналето во натпреварувањата организирани од АТП.

Баутиста Агут се обидуваше да ја освои третата титула во сезоната



Автор: Администратор
Објавено на: 29/07/2018 22:14