Олимписката шампионка од Ванкувер 2010 во штафетата 4х5 километри ски-трчање, Вибеке Скофтеруд почина на 38-годишна возраст, откако претрпе несреќа додека управувала џет-ски. Норвежанката се возела во саботата вечерта кон вилата во Арендаш, но во темнината изгубила контрола над моќната машина, што довело до фаталниот инцидент. Скофтеруд се откажа од ски-трчањето во 2015 година, откако со репрезентацијата на Норвешка освои едно олимписко злато, две светски титули, како и еден сребрен и еден бронзен медал во штафетата.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/07/2018 15:19