Македонската пливачка Ана Јаневска учествуваше на отвореното првенство во Нетанија, Израел каде имаше успешен настап. Освои златен медал во дисциплината 50 метри делфин и постави нов државен рекорд со време 28,94.

Ова време е доволно Јаневска да ја оствари нормата за настап на Младинската олимпијада во Буенос Аирес. Исто така, Јаневска освои второ место во дисциплината 50 метри слободно и трето место во дисциплината 100 метри делфин.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/07/2018 10:19