Енди Мареј стигна до својата прва победа на цврсти терени од 4 март 2017 година. Ова се случи во натпревар од првиот круг во Вашингтон, каде што Шкотот го победи американскиот тенисер Мекензи Мекдоналд со 3:6, 6:4, 7:5 за 2 часа и 37 минути игра.

Тоа беше само втора победа за поранешниот број 1 во изминатите 12 месеци, на третиот турнир на кој учествува по операцијата што се случи во јануари.

Мареј си обезбеди дуел во вториот круг со актуелниот британски бр.1, Кајл Едмунд. Токму тој го елиминираше во вториот круг на турнирот во Истбурн пред неколку недели.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/07/2018 10:23