Дводневните тестови на патеката „Хунгароринг“ точно пред почетокот на летната пауза обезбеди совршена можност за тимовите од Формула 1 да ги тестираат своите први прототипи на крилата за догодина. Од следната година предните крила во Формула 1 ќе бидат пошироки за цели 20 сантиметри и ќе се наоѓаат за 2,5 см подалеку од предната оска. Од 2019-та ќе се дозволат само по пет аерокомпоненти по предните крила, а надворешните страни ќе мора да биде целосно мазни. Овие промени се прават со цел да се зголеми бројот на надминувања за време на трките, бидејќи овие крила ќе создаваат помалку турбулентни текови и ќе биде полесно автомобилите да се следат одблиску во свиоците. Задните крила исто ќе станат пошироки и повисоки, што ќе го зголеми ефектот на ДРС системот и исто така би требало да ги олесни претекнувањата.