Поранешниот прв тенисер во светот Енди Мареј ја забележа втората победа во период од една година и изјави дека последната особено му значи за враќање на самодовербата.

Британскиот тенисер славеше на стартот од турнирот во Вашингтон, откако претходно повеќе месеци не се натпреваруваше поради повреда на колкот.

- Ова за мене беше тежок, навистина тежок натпревар, а противникот можеше да ме победи. Пред три години бев поразен на овој терен и тоа ми помина низ мислите. Но, сепак, убаво е што успеав да победам, бидејќи е значајно за враќање на мојата самодоверба, истакна Мареј.

Тој на почетокот од турнирот од серијата 500 во Вашингтон го совлада американскиот тенисер Мекензи Мекдоналд со 3:6, 6:4, 7:5 за 2 часа и 37 минути игра.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/07/2018 16:03