До редакцијата на Makpress.mk беа испратени слики од сообраќајка која се случила пред скоро време во близина на железничката станица.
Според тоа што може да се види на сликите, во сообраќајката се зафатени 6 возила а според неофицијални информации на очевидци возачот на свртениот автомобил ја предизвикал сообраќајката.
На лице место беа забележеани две возила на брзата помош а исто така според информации на очевидци имало неколку повредени луѓе меѓу кои и трудница.
Од МВР засега нема официјални информации и детали за тоа како настанала сообраќајната несреќа.