Премиерот Зоран Заев денеска во Охрид ќе присуствува на пуштање во употреба на нова автобуска станица, инвестиција на транспортната компанија „Делфина Турс“.
Во рамки на автобуската станица, денеска ќе почне и изградба на трговски центар.
На настанот се најавени обраќања на премиерот Заев, градоначалникот на општина Охрид, Јован Стојаноски, како и сопственикот на „Делфина Турс“ Аднан Исмаил.
Изградбата на автобуската почна во ноември 2016 година, согласно Договорот помеѓу општина Охрид и „Делфина турс“ која ја откупи градежната парцела за изгардба на објектот.