Седумнаесет лица се полесно повредени во 12 сообраќајни несреќи евидентирани на подрачјето на СВР Скопје во изминатото деноноќие.

Сообраќајната полиција санкционирала 54 возачи за пречекорување на пропишаната брзина, исклучени се 12 возачи од сообраќај, од кои 11 пред да се стекнат со право на управувањее, еден под дејство на алкохол. Од сообраќај биле исклучени и 12 нерегистрирани возила.

Изречени се 63 мерки за непрописно паркирање, а „пајакот“ кренал 61 возило.

Санкционирани се 15 пешаци за поминување коловоз надвор од пешачки премин, како и пет за некористење заштитен шлем при возење мотор, мопед и мотоцикл.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/08/2018 10:09