Трикратната шампионка Серена Вилијамс изненадувачки изгуби во првиот круг на тенискиот турнир во Сан Хозе (САД) со награден фонд од 799.000 долари. Американката, освојувачка на 23 Гренд слем титули, загуби со 1:6, 0:6 од Јоана Конта (Велика Британија) за 52 минути игра. Вилијамс досега немала таков пораз во својата кариера. Нејзиниот најлош пораз беше 0:6, 2:6 од Симона Халеп (Романија) на ВTA шампионатот во Сингапур во 2014 година. Американката го освои првиот гем на натпреварот, по што Конта освои 12 последователни.