Чешката инвестициска група ППФ соопшти дека го завршила преземањето на телекомуникациските компании на Теленор во земјите од централноисточна Европа по цена од 2,8 милијарди евра.
Преземени се компаниите на Теленор во Србија, Унгарија, Бугарија и Црна Гора, кои имаа повеќе од девет милиони корисници и околу 3.500 вработени.
- Ова е најголемо преземање во телекомуникацискиот сектор во централноисточна Европа од 2011 година, наведува групата ППФ.
Групата ППФ инвестира во повеќе различни области, како што се банкарски и финансиски услуги, телекомуникации, биотехнологија, осигурување, недвижности и земјоделство. Работи во Европа, САД и Азија, а групата поседува имот во вредност од 38 милијарди евра.
Теленор е водечки провајдер на телекомуникациски услуги и услуги за мобилна телефонија во Скандинавија, централноисточна Европа и Азија, со годишен промет од 13 милијарди евра и 178 милиони корисници.
Компанијата е активна во центарлноисточна Европа 25 години.