Г.Ѓ. (51) од Берово вчера починал од повреди во пределот на главата што ги добил додека сечел борови во местото Ормане - Царев Дол.
Како што соопшти МВР, несреќата се случила околу 12 часот. Г.Ѓ. бил со повеќе лица меѓу кои и неговиот син. Тие му пружиле помош, по што со Итна медицинска помош бил пренесен во болницата Систина - Скопје, но им подлегнал на повредите.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Берово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.