Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Роже Федерер се главни фаворити за титулата на последниот гренд слем сезонава - Ју-Ес опен, смета тренерот на најдобриот српски тенисер Марјан Вајда.

Ѓоковиќ пред американската турнеја го освои Вимблдон и потврди дека проблемите со повредата на лактот се надминати.

- Дефинитивно е поопуштен и почна да ужива на терен, што е најважно во овој момент. Нема веќе сомнежи и стравови, неговата сезона може да почне, истакна Вајда.

Пред српскиот тенисер да победи на Вимблдон, сезонава Надал го освои Ролан Гарос, а Федерер Австралијан опен.

- Неверојатно е дека тројцата се враќаат на ваков начин. Веќе 15 години се во врвот и се уште се фаворити. Не можам да предвидам што ќе се случи на Ју-Ес опен, но тројцата далеку ќе дотуркаат, веројатно до полуфинале или финале, истакна словачкиот тениски стручњак.

Отвореното првенство на САД почнува на 27 август и ќе трае до девети септември.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/08/2018 20:31