СВР Куманово упати известување до граѓаните дека по повод државниот празник 2. Август како и оддржувањето на свечената манифестација во Меморијалниот центар Пелинце во с.Пелинце, општина Старо Нагоричане, на подрачјето на општините Куманово и Старо Нагоричане режимот на движење на сообраќајот ќе се одвива нормално без застои и пренасочување.

Воедно, апелираат до граѓаните кои сакаат да присуствуваат на свеченоста што ќе започне во 11,00 часот, навремено односно до 10:30 часот да пристигнат во Меморијалниот центар Пелинце“.

Од кумановската полиција ги повикаа учесниците во сообраќајот максимално да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/08/2018 20:55