Францускиот тенисер Беноа Пер во три сета беше поразен од кипарскиот тенисер Маркос Багдатис на отворањето на турнирот Сити опен во Вашингтон.

Пред самиот крај на натпреварот во налет на гнев поради поразот Пер искрши три рекети.

Прво со четири удари го скрши рекетот со кој играше, потоа замина на клупата, каде удри уште еден рекет и клупата на која седеше, а по крајот на натпреварот го искрши и третиот.

Пер со свирежи од публиката беше испратен до соблекувалната.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/08/2018 20:55