Во Преспанското село Љубојно вечерва почнаа 45-тите иселенички Љубански средби.

Јубилејното издание го отвори градоначалникот на општина Ресен Живко Гошаревски, кој им посака добредојде на иселениците од Европа, прекуокеанските земји, Преспанци што живеат низ Македонија, како и голем број повратници од Битолско, Леринско и Мала Преспа.

- Прославувањето 45 години од постоењето, го потврдува фактот дека оваа иселеничка манифестација е значајна не само за Љубојно и Преспа, туку и за Република Македонија, истакна Гошаревски.

Илинден, посочи тој, е голем ден во нашата историја, историјата на македонскиот народ и на граѓаните на Република Македонија.

- Ден кога оддаваме почит на хероите кои ги дадоа своите животи за слобода. Ден на слава и гордост, но и ден за продолжување на борбата за напредок на татковината во секој поглед, рече ресенскиот градоначалник.

Во рамките на манифестацијата, присутните ги забавуваат естрадни уметници, а настап имаат и културно уметнички друштва.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/08/2018 23:22