Во водите на Охридското Езеро на патеката од Горица до Охрид денеска ќе се одржи 39-тиот Илинденски пливачки маратон, организиран од Пливачкиот клуб „Охридски бранови 2008“.

Педесеттина пливачи од повеќе клубови од земјата и странство патеката долга 2,5 километри ќе ја пливаат поделени во две старосни категории и тоа пливачи до 16 години и оние со наполнети 16 години и постари.

Стартот на трката е предвиден во 10:30 односно 11 часот соодветно за двете категории, од плажата пред поранешниот хотел „Парк“. Пристигнувањето на првите маратонци на целта се очекува по 11 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/08/2018 16:06