Државниот празник, 2-ри август Илинден, синоќа во Гостивар беше одбележан со културно-уметничката манифестација „Илинденска вечер“.

Во центарот за култура АСНОМ мали концерти приредија членовите на градското аматерско културно уметничко друштво „Браќа Ѓиноски“ и вокално-инструменталниот состав на традиционална македонска музика под раководство на Сашо Митев.

Пригоден драмски рецитал со извадоци од дела на македонски поети изведоа и актерите Ѓорѓи Нешковски, Влојца Б. Зулбеари и Теодора Волчевска.

Манифестацијата „Илинденска вечер" во чест на денешниот празник ја организира Центарот за култура со поддршка на Министерството за култура.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/08/2018 16:15