Пред Споменикот на Револуцијата во Тетово денеска беа одбележани 115 години од Илинденско востание и 74 години од првото заседание на АСНОМ.
Цвеќе пред споменикот положија делегации на Општина Тетово, Општинска организација на Сојузот на борци од Тетово и од Армијата на Република Македонија - Гарнизон Тетово, од здруженијата на резервни офицери и на воени инвалиди, од општински организации на политички партии и од други граѓански здруженија.
- Во историјата на еден народ постојат судбоносни датуми, трагични и величествени, по кои тој народ се препознава и кои ја определуваат неговата иднина. Македонската историја има два големи историски настани поврзани со ист ден, но во различни времиња и услови, рече Јоцко Димитриевски, претседател на општинска организација на Сојузот на борци од Тетово во пригодниот говор