Едно лице е повредено вчера во сообраќајна незгода меѓу автомобил и моторцикл во Струга.

Како што соопшти денеска СВР Охрид, во 16 часот и 30 минути било пријавено дека на улицата „Боро Калајџиески“ се случила сообраќајка меѓу патничко моторно возило „Форд Ескорд“ со охридски регистерски таблици, управувано од Н.Г.(55) од Струга, и моторцикл „Даелим“ со струшки регистерски таблици управуван од А.Б.(41) од Струга.

- Возачот на мотоциклот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Медицинскиот центар во Струга, по што бил префрлен во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид, каде лекар констатирал тешка телесна повреда, рече портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Извршен бил увид на местото на настанот од страна на Полициската станица Струга и се работи на целосно расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/08/2018 18:31