Малолетник синоќа околу 23.30 часот бил донесен починат во Општата болница во Охрид.
- Според насоки на Јавниот обвинител, преземени се мерки при што е утврдено дека се работи за малолетно лице од Охрид на возраст од 17 години кое претходно се движело по улицата „Марко Цепенков“ со уште неколку негови другари. Во еден момент тој паднал на улица, а потоа бил пренесен во Општата болница Охрид, каде лекар констатирал смрт, соопшти МВР.
По наредба на Јавен обвинител, врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.