Седумдесет и петгодишната Д.С. вчера во 9.30 часот на бул. „Видое Смилевски-Бато“ во Скопје била измамена за 10.000 денари од непознато лице, а случајот таа го пријавила во СВР-Скопје вчера попладне.
Како што соопшти МВР, сторителот и пришол на оштетената откако таа излегла од банка и и кажал дека парите што ги зела од банката биле неважечки.
Оштетената му ги дала парите на сторителот кој ги побарал за наводно да ги смени, по што веднаш го напуштил местото. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.