Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев оствари средба со Метју Палмер, заменик помошник државен секретар во Стејт Департментот на САД за Европа и Евроазија, и со амбасадорот Џес Бејли.

- Ова е втора посета на амбасадорот на САД во општина Кавадарци во изминатите неколку месеци, а прва посета на Метју Палмер, политичар од највисок ранг што ја посетил кавадаречката локална самоуправа, велат од општинската прес-служба за средбата што ја имал градоначалникот на Кавадарци кој е и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму информираат дека на средбата се разговарало за актуелните политички теми и за развојот на Општина Кавадарци.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/08/2018 19:37