Десетгодишниот Кларк Кент Апуада успеа да го урне 23 години стариот рекордот на Мајкл Фелпс на Меѓународниот пливачки шампионат во Калифорнија.
Тој на трката на 100 метри пеперутка исплива со време од 1:09.38 минути, односно за повеќе од секунда побрзо од рекордот што на таа возраст го постави Мајкл Фелпс во 1995 година.
Младиот пливач освен со постигнувањата го привлече вниманието на јавноста и со своето име Кларк Кент, а очекувано прекарот му е „Супермен“.
Успехот на Кларк му го честиташе и Мајкл Фелпс преку Твитер.