Поранешниот прв тенисер во светот Енди Мареј во три сета го совлада романскиот тенисер Мариус Копил во осминафиналето на турнирот во Вашингтон.
Мареј по три часа игра, и покрај победата, емотивно и низ солзи најави дека е премногу исцрпен и не знае дали ќе настапи во четвртфиналето на турнирот.
- Емоциите сами ми навираа по тешкиот ден. Не знам како ќе закрепнам по овој натпревар. Постои можност да не играм во четвртфиналето. Сега не се чувствувам добро, истакна британскиот тенисер.
За Мареј ова е само трет турнир по операцијата на колкот во јануари годинава, а во Вашингтон успеа да оствари три победи во низа. За него ова ќе биде прво четвртфинале по Вимблдон 2017 година и треба да се соочи со австралискиот тенисер Алекс де Минаур.