Трајно решение за Косово ќе значи одржливо реалистично решение според меѓународното право, а двете страни ја дефинираат заедничката основа за взаемна согласност, изјави портпаролката на високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и бебзедноист Федерика Могерини, Маја Коцијанчич.
- Дијалогот со посредство на ЕУ има за цел да промовира долготрајна соработка помеѓу страните, да им помогне да постигнат напредок на патот кон Европа и да ги подобрат животите на луѓето. Трајно решение значи одржливо реалистично решение според меѓународното право. Двете страни ја дефинираат заедничката основа за взаемна согласност, изјави Коцијанчич во одговорот до МИА на прашањето околу ставот на Могерини за можна поделбата на Косово,
Коцијанчич потсети дека за време на последната рунда преговори во рамки на дијалогот Белград-Приштина, претседателите на Косово и Србија, Хашим Тачи и Александар Вучиќ, имаа „интензивна и продуктивна дискусија“ во рамките на договорот за нормализација на односите.
- Тие се согласија да ја интензивираат работта во наредните недели. На последната средба на дијалогот на високо ниво на 18 јули, двајцата претседатело го прегледаа направениот напредок и се договорија повторно да се сретнат во септември, рече Коцијанчич за МИА.
Дипломатски извори во Европската комисија за МИА велат дека на последната средба помеѓу Вучиќ и Тачи не станало збор за поделба на Косово, но дека на двете страни останува дали ќе сакаат да го отворат прашањето на следниот состанок, кој се очекува да се одржи во текот на септември.
Последните денови косовската и српската страна на највисоко ниво упатија повеќе пораки во јавноста за „корекција на границите“ и „размена на територии“, додека пак американскиот амбасадор во Србија првпат одби да отфрли секаква поделба на Косово.