Полицајци со палки и штитови ја оневозможија прес-конференцијата на опозицискиот лидер во Зимбабве Нелсон Чамиса, кој тврди дека претседателските избори биле нарушени.
Полицијата ги истера новинарите со извици „надвор, надвор" и без дополнително објаснување. Самиот Чамиса не се ни појави.
Централната изборна комисија соопшти дека претседателот Емерсон Мнангагва, поранешен соработник на долгогодишниот лидер Роберт Мугабе, победил со мала предност на изборите одржани во понеделникот.
Опозицијата вети дека ќе ги оспори, според неа, фалсификуваните избори пред судските инстанци.