На пригодна свеченост, со верски обреди, денеска во атарот на гостиварското село Дебреше беше пуштена во употреба нова џамија.

Новиот верски објект во месноста „Тафовиот бунар“ со сечење лента го отворија поглаварот на Исламската верска заедница во Македонија Сулејман Реџепи, гостиварскиот муфитија Шаќир Фетаху, министерот за култура Асаф Адеми, како и претставници од општините Гостивар и Врапчиште. Петочната молитва за верниците ја служеше скопскиот муфтија Ќенан Исмаили.

Муфтијата Фетаху во обраќањето нагласи дека во Дебреше сега има четири џамии и се создадени услови за богослужење и верска настава.

Џамијата почна да се гради во 2013 година со доброволни прилози на верниците. Во Дебреше бројот на џамии на територијата со која управува гостиварската муфтинија сега достигна 71.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/08/2018 19:29