Поранешната најдобра тенисерка во светот Викторија Азаренка не успеа да се пласира во полуфиналето на ВТА турнирот во Сан Хозе, откако во вториот сет мораше да го предаде натпреварот на американската тенисерка Даниел Роуз Колинс.

Азаренка го доби првиот сет од четвртфиналниот натпревар, но во почетокот на вториот сет се повреди и се пожали на силни болки по што се повлече од натпреварот.

Колинс во полуфиналето ќе се соочи со грчката тенисерка Марија Сакари, која во претходното коло ја совлада фаворизираната Венус Вилијамс.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/08/2018 11:44