Ирецот Конор Мекгрегор го предизвика актуелниот шамион Русинот Хабиб Нурмагомедов за титулата во УФЦ 229.

Претседателот на УФЦ, Дејна Вајт, на прес-конференција во Лос Анџелес соопшти дека е склучен договор и дека борбата ќе се одржи на шести oктомври во Лас Вегас.

Нурмагомедов стана шампион во оваа категорија откако во април го победи Ал Јакинта, а Мекгрегор по речиси две години ќе се обиде да го врати појасот кој му беше одземен заради неактивност.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/08/2018 12:40