Министерот за надворешни работи на Северна Кореја денеска изјави дека е се позагрижен од односот на САД кон неговата земја, но изрази цврста решеност за спроведување на на она што беше договорено со Вашингтон во јуни.
САД и Северна Кореја на состанокот на лидерите во Сингапур во јуни се договорија за ставање крај на нуклеарната програма на Пјонгјанг и за склучување мир на Корејскиот Полуостров.
- Северна Кореја е цврста во својата решеност и посветеност за спроведување на заедничката изјава на Северна Кореја и САД на одговорен и совесен начи", изјави Ри Јонг Хо.
- Она што е алармантна, се упорните обиди во САД за враќање кон поранешната ситуација, спротивно на намерите на нивниот лидер, додаде тој.