Швајцарскиот тенисер Стан Вавринка доби специјални покани за Роџерс купот во Торонто и за турнирот во Синсинати.

Вавринка на Роџерс купот ќе го замени британскиот тенисер Енди Мареј, кој утрово соопшти дека се повлекува од турнирот.

И Вавринка, како и Мареј, полека се враќа на терените по долга пауза заради повреда. Швајцарскиот тенисер по боледување од осум месеци се врати на натпреварувањата во почетокот на годината.

Вавринка во првото коло во Торонто ќе се соочи со австралискиот тенисер Ник Кирјос.

Роџерс купот се игра од шести до 12-ти август, а титулата ќе ја брани германскиот тенисер Александар Зверев.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/08/2018 14:06