Во СВР Охрид ноќеска во 1.30 часот било пријавено нарушување на јавниот ред и мир од страна на лицето О.М. од Охрид.
Според пријавата, О.М. во тоалетот од угостителскиот објект фрлил предмет кој испуштил силна миризба од што три лица од Скопје се пожалиле на болки и солзење од очите.
Набргу била повикана итната медицинска помош со чие возило лицата се пренесени на очното одделение во Општата болница во Охрид каде им е укажана неопходна медицинска помош. Се работи на целосно расчистување на случајот