Државниот секретар на САД Мајк Помпео соопшти дека денеска на севернокорејскиот колега му предал писмо од американскиот претседател Доналд Трмп наменето за Ким Џонг-ун..
„Денеска имав можност да разговарам со својот колега од Северна Кореја Ри Јонг Хо. Имавме краток и внимателен разговор. Нашата делегација исто така имаше можност да го предаде одговорот на Трамп на писмото од Ким Џонг-ун", напиша Помпео на Твитер.
Помпео и Хо се во Сингапур каде учествуваат на Форум на АСЕАН.