Масовните протести на учениците и студентите во Бангладеш, кои со недели бараат поголема безбедност на патиштата, денеска ескалираа во судири меѓу полицијата и демонстрантите. Во судирите се повредени најмалку 30 лица, јави ДПА.

Околу 100 полицајци и активисти на владејачката Народна лига ги прогонуваа демонстрантите со палки во обид да ги растераат. Камерите и мобилните телефони на луѓе кои се обиделе да ги сниматнемирите им беа одземени.

Насилството избувна кратко време откако повикот на шефот на полицијата во Дака ги повика демонстрантите да ги ослободат улиците и да дозволат полицијата да ја врши својата работа.

Неколку недели студентите и учениците стоеја на многу места во главниот град како сообраќајни полицајци и вршеа проверка на возачки документи, па дури и запленуваа клучеви на оние кои немаат возачки дозволи.

Полицијата соопшти дека секоја година умираат околу 3000 лица во сообраќајни незгоди во Бангладеш. Но, според невладините организации, бројот на жртвите е многу поголем.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/08/2018 16:23