Андреа Довициозо ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Чешка во Брно, а втор ќе стартува Валентино Роси. На третата позиција заврши Марк Маркез, а четврти е Хорхе Лоренцо.

Довициозо беше најбрз во квалификациите и извозе со време од 1:54.689, а Роси заврши на второто место со 0.267 секунди послабо време.

За него ова е прва пол позиција по трката во Малезија во 2016 година.

Трката за Големата награда на Чешка се вози утре од 14:00 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/08/2018 11:27