Американската тенисерка Серена Вилијамс се откажа од настапот на Роџерс купот во Канада.

Вилијамс во образложението за откажувањето на учеството навела „лични причини“, меѓутоа не се соопштуваат детали.

Таа пред неколку дена го доживеа најтешкиот пораз во кариерата од Џоана Конта во Сан Хозе, а претходно во финалето на Вимблдон беше поразена од Анжелик Кербер.

Местото на Вилијамс на Роџерс купот ќе го заземе германската тенисерка Татјана Марија.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/08/2018 11:42