Германскиот тенисер Александар Зверев се пласираше во финалето на АТП турнирот во Вашингтон.

Зверев во полуфиналниот натпревар убедливо го совлада грчкиот тенисер Стефанос Циципас во два сета со 6:2 и 6:4 за 89 минути игра.

Меѓутоа, она по што ќе биде запаметен овој натпревар е однесувањето на 19-годишниот грчки тенисер.

Имено, Циципас во налет на гнев поради лошата игра во првиот сет седна на клупата и почна да се самоказнува ударајќи се со рака по главата.

Публиката беше зачудена од ваквиот потег на младиот тенисер.

Зверев во финалето ќе се соочи со австралискиот тенисер Алекс де Минаур.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/08/2018 13:51