Пожарникари од Португалија и од Шпанија заеднички денеска настојуваат да изгаснат пожар што изби во близина на нивната заедничка граница.

Европа е погодена од бран високи температури што донесе суша и шумски пожари од Грција до Шведска.

Шпанските власти објавија денеска во јужниот регион Екстрамадура дека постои голем ризик од пожари. На југозапад во Шпанија пожарот „проголта“ шума во близина на областа Бадахоз каде се очекува денеска температурите да достигнат до 43 степени Целзиусови.

Во Лисабон вчера беа измерени 44 степени со што е соборен температурниот рекорд стар 37 години. Претходниот рекорд регистриран во 1981 година бил 43 степени. Највисока температура вчера во Португалија беше измерена во Алвега од 46,8 степени Целзиусови.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/08/2018 14:06