Висок претставник на Белата куќа негираше американска вмешаност во вчерашната експлзоија со дрон за време на говор пред армијата на венецуелскиот претседател Николас Мадуро.

– Можам да кажам дека САД и Владата на никаков начин не се вмешани во тоа, изјави Џон Болтон, советник на американскиот претседател за национална безбедност.

Болтон додаде дека самата влада на Мадуро можеби е одговорна за експлозијата.

– Ако Владата на Венецуела има добра информација, може да ни ја достави да ја разгледаме, изјави тој за Фокс њуз. Мадуро не беше повреден во експлозијата, а одговорност презеде малку позната група наречена Национално движење на војници во маици.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/08/2018 09:51