Пет пати повисоко во однос на августовскиот просек е нивото на реката Треска кај Македонски Брод, а тројно се зголемени нивоата на реката Пчиња кај Катлановска бања и на Црна река кај Новаци, покажуваат денешните хидролошки мерења.

Двојно зголемување на нивоата, пак, има на реката Вардар кај Јегуновце, Велес и Демир Капија.

Нивоата на Охридското и Преспанското езеро се во рамки на августовскиот просек, а минимално зголемување има на нивото на Дојранското Езеро.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/08/2018 11:46