За два дена, херојски Прилеп, по 17-ти пат ќе се потсети на најцрниот 8-ми август во неговата историја, кога во конфликтната 2001-ва година, кај месноста Карпалак од заседа, кукавички беа убиени 10 прилепски бранители, а 108 го преживеаа нападот, некои со потешки, некои со полесни повреди. Траумите кои останаа од тој кобен августовски ден, во меѓувреме одзедоа неколку десетици млади животи, а останатите и ден денес се борат со последиците, особено со психичките. Гоце Стефаноски е еден од преживеаните бранители. Вели дека на тој црн ден, се сеќава како вчера да било, пренесува Алфа Телевизија.
Стефаноски раскажува дека и денес, по 17 години од масакрот, македонските бранители се уште целосно го немаат добиено она што им следува од државата.
Инаку, општина Прилеп, односно претходната локална власт, после овој трагичен настан, во чест и спомен на бранителите, подигна два споменика во центарот на градот, Карпалак и Прилепски бранители, а, за прв пат, по 100 години, изгради и црква, посветена на Св.Петка, која е заштитиничка на прилепските бранители и чиј празник се празнува токму на 8-ми август, денот на погибијата на 10-те прилепски бранители.