Македонската атлетичарка Дрита Ислами забележа најслабо време во квалификациите на трката на 400 метри на Европското првенство во Берлин, Германија.

Ислами оствари време 1:02.23 минута, најслабо во квалификациите и речиси шест секунди послабо од најбрзата.

Во квалификациите се појавија вкупно 21 атлетичарка.

Македонија на ЕП ќе има еден претставник и во машка конкуренција. Тоа е Дарио Ивановски кој ќе трча на 1.500 метри.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/08/2018 12:10