Општина Штип утре ќе спроведе тереистичка дезинсекција со цел уништување на комарците, соопшти денеска Кристина Костова советник за информирање во кабинетот на градоначалникот на Општина Штип. Запрашувањето ќе се реализира од два до седум часот наутро, со апаратура за УЛВ ладно запрашување.
- Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во Општина Штип, подрачјата по теченијата на реките Брегалница и Отиња, како и застојни води и подрачја околу каналниот систем на територија на општината, урбаните населби и локалитети, вели Костова.
Се апелира пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите. Во случај на неповолни временски услови дезинсекцијата ќе се одложи за наредниот ден.