Во Делчево денеска се одржа информативна трибина во рамки на Проектот „Воспоставување и уредување на планинарска патека Делчево - Туристички локалитет Голак во функција на ЛЕР на Општина Делчево”, финансиран од Европската Унија, Инструмент за претпристапна помош (ИПА). На сесијата присуствуваа претставници од невладинот сектор од општина Делчево, планинари и граѓани. - Како координаторот на проектот ги запознав присутните со основните информации, целите и активностите од овој проект, на кој начин се спроведува и кои се вклучените страни во реализација на истиот. Вакви работилници ќе има вкупно две, по што ќе се пристапи кон останатите теренски активности, рече координаторот на проектот Димитар Димитровски. Претседателот на ПСК „Голак“, Љупчо Чучуковски, рече дека патеката ќе биде лесна за пешашење и ќе може да се помине за 4 до 4,5 часа. - Патеката е долга околу 9 километри и се пешачи околу 4 до 4,5 часа. Почетокот и крајот на патеката ќе бидат означени со информативни табли согласно правилникот за маркација на планинарски патеки во Република Македонија. Ќе бидат поставени патокази, патокази со столбови, знаци за предупредување и локации за маркациско бележење со боја согласно Књефељцовата кружна метода, рече Чучуковски. Патеката целосно ќе биде направена според законските регулативи и сите правила за вакви патеки кои се применуваат низ Европа, истакнаа од Агенцијата за развој на туризмот во оптшина Делчево. - Патеката ќе биде совршено место за остварување на природно-научни тури и прошетки за заинтересирани посетители и ученици што е во согласност со главната цел на проектот, а тоа е да се збогати туристичката понуда на планината Голак и една од специфичните цели е да се едуцира и подигне јавната свест кај таргет популацијата за заштита на животната средина”, рече Јосифовски.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/08/2018 17:26