Кавадаречката полиција од општа надлежност вчера спроведе акција за почитување на забраната за продажба на алкохол на малолетници.
Продавачи на киосци кои работат 24 часа, беа потсетени да ја почитуваат забраната за продажба на алкохолни пијалаци на лица со возраст под 18 години. За ова информираше денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
- За непочитување, предвидени се и казни според член 204 од кривичниот законик, парична казна или затвор од 3 месеци до 3 години ,како и казни според член 58 од законот за трговија, за правно лице во висина од 8.000 евра, за одговорното лице 30 проценти од казната на правното лице и казна за физичко лице од 200 до 400 евра во денарска противредност, појасни Додевски.
На продавачите им беа поделени и флаери кои треба да ги истакнат на видни места.