Единствениот македонски претставник во машка конкуренција на Европското атлетско првенство во Берлин, Дарио Ивановски, го заврши својот настап на претпоследното место во квалификациите на 1.500 метри.

Ивановски оствари резултат 3:57.52 минути доволно да биде подобар само од Карлес Гомес од Андора.

Во квалификациите настапија 34 тркачи поделени во три групи, а најдоброто време го истрча Џек Вајтман од Велика Британија - 3:40.73 минути.

Вчера на евро-шампионатот учествуваше (400 метри) и Дрита Ислами, која исто како и Илиевски имаше симболичен настап.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/08/2018 14:47